Ливерпул со пресврт го победи Саутемптон, два гола на Салах од пенал! (ВИДЕО)

Ливерпул со 3-1 го победи Саутемптон иако губеше по првото полувреме, црвените направија чекор понапред кон титулата во Премиер лигата.

Се очекуваше лесна победа за Ливерпул против фенерџијата, но во еден момент не изгледаше така.

Саутемптон поведе во судиското продолжение од првото полувреме со гол на Смолбоун.

Но, работите се наместија како што се очекуваше во вториот дел. Дарвин Нуњез во 51. минута израмни на 1-1.

А потоа Мохамед Салах постигна два гола за победа на Ливерпул од 3-1.

Брајтон со гол од пенал во 98. минута го победи Фулам со 2-1, а Кристал Палас со 1-0 славеше против Ипсвич.