Тоти: Рома не заслужува повеќе од петто-шесто место во Серија А

Легендата на Рома, Франческо Тоти вели дека актуелниот тим на римската волчица нема квалитет да се пласира меѓу четирите најдобри во Серија А.

Се шпекулира дека раководството на Рома го сака Анчелоти за нов тренер, но Тоти не верува дека тој ќе дојде бидејќи тимот не е многу квалитетен.

„За да го освои Скудетото, на Рома ѝ треба голем тренер, но пред се одлични фудбалери“, вели Тоти.

„Нешто повеќе од она што го гледам сега. Денеска Рома заслужува да биде петта-шеста, не повеќе од тоа. Има посилни тимови во моментов. На Рома ѝ е потребен Анчелоти, но тој нема да дојде. И ако дојде, ќе рече: каков е овој тим?“.

„Ако јас бев технички директор, ќе се обидев да го убедам. И ако јас го земев телефонот, е поинаку од другите да го направат тоа. Гасперини е добар тренер, но тој не ме излудува. Никогаш не би можел да играм во неговиот стил на игра“.