Нотингем последен четвртфиналист во ФА Купот (ВИДЕО)

Последниот патник во четвртфиналето од ФА Купот беше одлучен по изведувњето на пенали, а таму оди Нотингем кој по изведувањето на пенали го елиминираше Ипсвич откако во по 120 минути фудбал резултат беше 1-1.

Во првото полувреме мрежите мируваа и на пауза се замина без погодоци. По само осум минути игра во второто полувреме Ипсвич стигна до водство со голот на Хиртс. Но, таа предност ја немаа долго, Јетс 15 минути подолго стрелаше за израмување.

Со по еден гол на двете страни завршија регуларните 90 минути и двете продолженија по 15 минути, па се изведуваа пенали.

Претходно покрај Брајтон кој ќе игра против Нотингем своето место во четвртфиналето го обезбедија: Фулам, Кристал Палас, Престон, Астон Вила, Бортмут и Манчестер сити.