Барселона се разбуди: Педри и Кубарси стрелаа против Атлетико (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона ја вратија неизвесноста во мечот против Атлетико Мадрид, откако имаа кошмарен старт и губеа со 0-2 по шест минути.

По головите на Алварез и Гризман до шестата минута од средбата, Педри во 19. минута ја врати надежта кај каталонскиот гигант, а набрзо погоди и Кубарси за 2-2.