Флик добил одлична вест: Барселона вечерва ќе биде во најсилен состав

Фудбалерите на Барселона вечерва ќе играат против Атлетико Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Копа дел Реј.

Пред овој натпревар најважна вест за каталонскиот гигант е што Ламин Јамал е добро и ќе биде подготвен за настап. Еден од најважните фудбалери на Барселона доби сериозен удар на стапалото против Лас Палмас и го прескокна тренингот пред натпреваорт.

Шпанските медиуми повикувајќи се на извори блиски до клубот најавуваат дека Јамал може да го очекуваме во стартниот тим. Најавите се дека Флик нема да калкулира и ќе излезе со најсилниот состав на теренот.

Шчесни, Кунде Араухо, Иниго, Балде, Де Јонг, Педри, Олмо/Гави, Јамал, Рафиња и Левандовски е составот со кој би требало германскиот стратег да му се спротистави на Симеоне.

Натпреварот помеѓу Барса и Атлетико стартува во 21:30 часот.