Aморим: Мораме да ја преживееме оваа сезона

Манчестер јунајтед во вчерашниот натпревар против Евертон се спасуваше од пораз откако имаше негатива од 2-0 по првиот дел и успеа да дојде до 2-2.

Домаќинот беше подобар во првиот дел, но „црвените ѓаволи“ го наметнаа својот ритам во второто полувреме.

По натпреварот се огласи тренерот Рубен Аморим кој беше искрен за ситуацијата и зборуваше за проблемите.

„Мораме да ја прежимееме оваа сезона. Дури потоа ќе мислиме да ја унапредиме играта. Губиме топка без притисок, не го правиме тоа што треба. Бевме премногу меки“, изјави Аморим

Португалскиот стратег смета дека неговиот составв треба само да продолжи да работи во ист ритам.

„Она што треба да продолжиме е да продолжиме да работиме на тренинзите на ист начин. Ништо не променивме во второто полувреме. Мораме да работиме иста работа, но на поинаков начин. Се мачиме со создавањето шанси. Мојата единствена цел е следниот натпревар, треба да ги направиме навивачите задоволни“, изјави Аморим.