Теодосиќ им се закануваше на судиите, па доби жестока суспензија!

Кошаркарот на Црвена Звезда, Милош Теодосиќ доби казна од Дисциплинската комисија на АБА-лигата поради инцидентот кој се случи на дуелот против Будуќност.

АБА-лигата соопшти дека Теодосиќ им се заканувал на судиите, па поради тоа ќе биде суспендиран на три натпревари, а исто така ќе мора да плати и казна од 7.500 евра.

Теодосиќ нема да настапи на натпреварите против Задар, Цедевита Олимпија, како и Мега во регионалното натпреварување.