
Пелистер го преживеа Охрид и го задржа чекорот со ривалите за врвот
Иако битолчани беа во водство во најголемиот дел од натпреварот, на моменти и со четири гола разлика, победата не беше загарантирана се до последните минути. Охрид водеше само со 2-1 и 4-3 и имаше нерешено резултат при 1-1 и 13-13, ама до крајот остана во игра и малку недостасуваше да освои бод или два.
Пелистер првпат се одвои кон средината на првото полувреме кога поведе со 9-5, Охрид потоа израмни на 13-13, но на полувреме се замина со 16-13 за гостинскиот тим, а на стартот на вториот дел повторно шампионот имаше +4 (19-15). Охриѓани ни тогаш не се откажаа, успеаја да се доближат на само еден негатива и долго време потоа се играше гол за гол со тоа што домашниот тим не го направи последниот чекор и не дојде барем до израмнување.
Клучен момент на мечот беше одбранетиот пенал на Ивиќ на 75 секунди пред крајот, при водство на Пелистер од два разлика по што исчезнаа сите шанси на Охрид да направи притисок во финишот и евентуално да дојде до пресврт.
Најефикасен на натпреварот беше Осама Хосни со седум гола, а кај Охрид, Теимураз Орјоникидѕе постигна шест. Голманите не се истакнаа претерано, Никола Митревски забележа шест одбрани, а Филип Ивиќ одбрани три пенали кај Пелистер, додека Чаневски заврши со пет интервенции.