Шпанците потсетуваат: Белингем истиот судија го навредил и претходно (ВИДЕО)

Англискиот репрезентативец, Џуд Белингем во 24. коло од шпанската Примера доби директен црвен картон.

Реал Мадрид гостуваше кај Осасуна, а Белингем во првиот дел од натпреварот беше исклучен поради навреда кон судијата Хозе Луиз Муниер. Шпанските медиуми објавија дека Белингем му се обратил со зборовите „е*и се“, додека фудбалерот се правдаше дека бил погрешно разбран.

Но, по натпреварот Шпанците потсетија и дека Белингем претходно веќе еднаш го навредил истиот судија.

Станува збор за напреварот против Еспањол кога Муниер му покажа жолт картон на Белингем кој тогаш изговори:

„Какво го*но“.

Во таа ситуација Белингем не беше исклуечн.