
Постекоглу пред отказ: Тотнем има фаворит за негов наследник
Според првите информации фаворит за клупата на лондонскиот клуб е Андони Ираола. Шпанскиот стратег работи одлично на клупата на Борнмут и не е ниту чудо што го следат и големите клубови
Иако Бормут на табелата е далеку пред Тотнем и се наоѓа на седмата позиција, додека „петлите“ се 13-ти, јасно е дека на „Вајт Харт Лејн“ го чека поголем предизвик.
Ираола пред доаѓањето на клупата на Бормут го предводеше Рајо Ваљекано каде што исто така одлично работеше. Во Премиер лигата е веќе две ипол години и има договор до 2026 година.
Откако Тотнем испадна од двата купа и му преостана само да се обиде да ја освои Лигата на Европа се погласни се најавите дека Постекоглу нема да го води тимто наредната сезона.