
Поранешен селектор на Србија го презема РК Охрид за да ја урне „големата тројка“!
По седумгодишна доминација со Војводина, освојување на 20 трофеи, меѓу кои и ЕХФ Купот во 2023 година, поранешниот селектор на Србија ја напушта екипа од Нови Сад и ќе се пресели во македонското првенство, со цел да го предизвика врвот предводен од Пелистер, Вардар и Алкалоид. Според „Моцарт спорт“, Ројевиќ наскоро ќе стави потпис на договорот со Охрид, каде ќе го наследи домашниот стратег Стевче Алушевски. Клубот е решен да го промени статусот на „четврта сила“ во Македонија и да се вмеша во битката за врвот, што ќе биде голем предизвик со оглед на доминацијата на скопските и битолските екипи.
Иако Охрид во моментов е на четвртата позиција во првенството, далеку зад водечките тимови, управата веќе работи на засилувања со цел да го подигне квалитетот на тимот. Во следната сезона се очекува настап во ЕХФ Купот, а со ангажманот на Ројевиќ и потенцијалните нови ракометари, клубот ќе се обиде да направи чекор напред кон врвот. Во редовите на Охрид веќе настапуваат српските ракометари Владимир Бојаниќ и Живан Пешиќ, кој соработуваше со Ројевиќ две сезони во Војводина.
Овој потег на охридскиот клуб е јасен сигнал дека тимот сака да ја промени сегашната хиерархија во македонскиот ракомет и да стане сериозен конкурент за трофеи.