Шампионот помеѓу конструкторите го претстави болидот за новата сезона (ВИДЕО)

Eкипата на Мекларен која ја освои шампионската титула помеѓу конструкторите прва го претстави болидот со кој ќе се натпреварува во новата сезона.

Британскиот тим го претстави болидот „MCL 39“, a возачите Ландо Нарис и Оскар Пјастри на патеката во Силверстоун извозеа вкупно 20 километри.

Болидот е во црна и портокалова боја и официјалната промоција пред медиумите ќе биде на 75. Годишнината од формирањето на Формула, настан кој ќе се одржи во Лондон следната недела.