Гасперини го крена гласот: Ова повеќе не е фудбал, не ги разбирам правилата

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини беше бесен по досудениот пенал на првиот меч против Бриж, во плејофот од Лигата на шампионите.

Во судиското продолжение од второто полувреме, Исак Хиен со десната рака го удри Густаф Нилсен што за турскиот судија Умут Мелер беше чист пенал. Ни ВАР проверката не го разубеди Мелер, а Нилсон погоди од белата точка и му донесе победа на Бриж со 2-1.

„Ова повеќе не е фудбал, сакаат целосно да ја елиминираат контакт-играта. Овој спорт повеќе не е ист, не ги разбирам правилата“, изјави Гасперини.

Аталанта, сепак, има активен резултат и идната недела на домашен терен ќе се обиде да ја анулира негативата и да се пласира во осминафиналето.