Гостивар го засили средниот ред со играч од Сирија! (ВИДЕО)
Станува збор за 30-годишен фудбалер од средниот ред, Аиас Аосман е Сириец со германски пасош.
Тој во својата кариера настапувал за Динамо Дрезден, Адана Демирспор, Тузласпор, Јоникос, Херманштад, Генчлербирлиги.
Аосман има одиграно и 15 натпревари за репрезентацијата на Сирија.