Белингам: Сити е тежок ривал, но ние одигравме еден од најдобрите натпревари!

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам постигна гол за победа на Реал Мадрид од 3-2 против Манчестер сити.

Белингам по натпреварот кажа дека е среќен со победата, а притоа имаше пофални зборови и за противникот од Манчестер.

„Секогаш е интересно во нокаут-фазата. Ова не е само техничка и тактичка битка, туку и психолошко натпреварување. Ова беше чуден натпревар. Манчестер сити е тежок ривал, но ние одигравме еден од најдобрите натпревари во сезоната“, кажа Белингам.