Винисиус: Сакам уште долго да играм за Реал Мадрид!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се надева дека во наредните денови ќе постигне договор со кралскиот клуб за продолжување на соработката.

Во изминатиот период Винисиус беше мета на гласини дека би можел да замине од Реал Мадрид и да тргне во арапскиот свет каде има понуди кои би го направиле најплатениот играч на планетата.

Но, Винисиус не ги сака парите, приоритет за него е останување во Реал Мадрид.

„Разговараме за нов договор. Мојата желба е да останам тука долго време и да испишувам историја со Реал Мадрид“, вели Винисиус.

„Сакам да останам тука многу долго! Се надевам дека во наредните денови ќе можеме да ги решиме сите прашања и ќе се договориме за долг престој“.