![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/11/248227-jovan-manev-se-vrati-vo-hrvatska-potpisha-za-rijeka.jpg?itok=IWoj35NL)
Јован Манев се врати во Хрватска, потпиша за Ријека
Манев со хрватскиот клуб потпиша договор до 2027 година со опција за продолжување на уште една сезона, а ќе го носи дресот со број 16.
Кариерата Манев ја започна во Брегалница каде што одигра 30 натпревари пред да се пресели во Адана. Има искуство и во Хрватска бидејќи минатата сезона како позајмен фудбалер беше дел од Осијек.
За репрезентацијата на Македонија одигра десет натпревари и постигна еден гол.