Најдобриот ракометар од Мундијалот не мрда од Берлин - потпиша до 2029!

Најдобриот ракометар на Светското првенство, Данецот Матијас Гидсел го продолжи договорот со Фуксе Берлин до 2029 година.

Претходниот договор на 25-годишниот Гидсел имаше важност до 2028 година, но клубот по неговиот добри настапи на Мундијалот одлучи да реагира и да го обврзе на уште една дополнителна година.

„Среќен сум поради новиот договор, играм со голема самодоверба и верувам во проектот. Чувствувам дека Фуксе ќе продолжи да се развива, а со него и јас како играч. Затоа донесов одлука за продолжување на договорот. Изминатите години покажавме дека сме на добар пат да дојдеме до титулата во првенството“, изјави Гидсел.

Изминатата сезона Гидсел постигна 260 голови од поле и постави рекорд, додека сезонава е лидер со 131 гол во 16 натпревари.