Скандал во Шпанија: Фудбалерка на Барселона фати противничка за меѓуножјето (ВИДЕО)

Во градското дерби помеѓу женските тимови на Еспањол и Барселона видовме сцена која предизвика скандал во Шпанија.

Имено, фудбалерката на Барселона, Мапи Леон во еден момент ја фати противничката Даниела Каракас за меѓуножјето и сето тоа беше забележано од камерите.

Пред корнерот двете фудбалерки имаа дуел, а Каракас ја удри својата противничка, Леон во тој момент освен што ја фатила за меѓуножјето наводно и ја прашала: „Дали имаш пенис““

По натпреварот Еспањол објави соооштение во кое го осуди ваквиот инцидент.

„Ние од Еспањол сакаме да го изразиме нашето незсдоволство и да осудиме одредени случувања во дербито со Барселона. Вакви работи за нас се неприфатливи и не смеат да поминат неказнето“, порачаа од Еспањол.

Во соопштението додаваат и дека фудбалерката на Барселона направила гест со кој ја нарушила приваноста на нивната фудбалерка. Исто така клубот на Леон и понудил правни услуги во случај да сака да отвори постапка.