Бијатлонецот Гиноски имаше солиден настап во Грузија
Гиноски во првиот круг испука „пет од пет“, во вториот стрелаше „четири од пет“, а во третиот круг погоди „четири од пет“, но во последниот круг беше пресуден за да заврши на 46. позиција.
Бијатлонецот го има следниот настап в петок од 10 часот по грузиско време, па ќе се обиде да го даде својот максимум и да оствари подобар резултат.