Синер бара начин да го стигне Алкараз, неочекувано се пријави на нов турнир

Јаник Синер од пред два дена не е лидер на АТП листата, а со оглед на тоа што брани многу бодови до крајот на сезоната, мора да бара начини како да дојде до нови.

За таа цел, италијанскиот тенисер сосема неочекувано го пријави своето учество на АТП турнирот во Виена кој ќе се одржи од 20 до 26 октомври. Турнирот е од серијата 500, Синер го освои пред две години, но лани не учествуваше, па сега има можност да заработи многу бодови и да остане блиску до лидерот Алкараз.

Учеството на турнирот во Виена досега го потврдија уште четворица од топ-10 тенисерите во светот: третопласираниот Александер Зверев, омиот Алекс де Минор, деветтиот Лоренцо Музети и десеттиот Карен Хачанов. Со оглед на тоа што имаше тримесечна суспензија и не играше од февруари до мај, Синер се уште е свеж и може да направи погуст распоред во финишот од сезоната, опа може да се очекува да настапи на уште некој турнир од пониските класи.