Белград остана со празни раце: Атина ќе биде домаќин на Ф4-турнирот во Евролигата

Завршниот турнир во Евролигата следната година ќе се одржи во грчкиот град Атина, откако денеска раководството на елитното натпреварување ја потврди одлуката која се најавуваше и во претходните денови.

Белград и Атина беа финалисти за изборот на град-домаќин за Ф4-турнирот, меѓутоа Србија остана со празни раце поради политичката криза и немирите кои се случуваат кај нашиот северен сосед во изминатите месеци.

Српски „Спортклуб“ пишува дека Грците за овој турнир издвоиле девет милиони евра, а Евролигата и официјално го потврди организаторот на Ф4-турнирот.

Фото: Euroleague