Јувентус му поставил нов ултиматум на Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ добил ултиматум од Јувентус, кој бара од него да го продолжи договорот затоа што истиот завршува за година ипол.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус сака Влаховиќ да потпише нов договор, а доколку не се случи такво нешто, тогаш Србинот ќе биде продаден следното лето.

Договорот кој му го нуди „Старата дама“ е со намалена плата и тоа сигурно нема да му одговара на српскиот голгетер, меѓутоа Јувентус не се грижи затоа што веќе ангажира нов напаѓач, Рандал Коло Муани.

Србинот оваа сезона постигна 13 голови на 28 натпревари, а наскоро треба да донесе одлука за својата иднина.