Чуден избор на Ла Лига: Најубавите голови во историјата на мадридското дерби се на играчи на Реал (ВИДЕО)

Вечерва од 21 часот на Бернабе се игра градското дерби меѓу Реал и Атлетико, а Ла Лига на интересен начин се обиде да го најави.

На својот Инстаграм профил стави компилација од најубавите голови во историјата на „Дерби Мадрилењо“, но една работа им падна во очи на љубителите на фудбалот. Сите избрани голови беа на фудбалери на Реал и покрај тоа што некои од нив не се толку атрактивни, како оној на Пепе со глава.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LALIGA (@laliga)

И во коментарите, дел од фановите се прашуваа каков е овој избор без играчите на Атлетико кои сигурно имаат барем еден атрактивен гол во долгогодишната историја дуели со големиот ривал.