Гробари уште еднаш спектакуларно ги пречекаа Обрадовиќ и неговите херои (ВИДЕО)
Два дена претходно, тимот на Жељко Обрадовиќ славеше и во Болоња против Виртус, што го прави ова вторпат во клупската историја Партизан да се врати со максимален учинок од две врзани гостувања.
Првпат ваков успех беше постигнат во јануари годинава, кога голем број навивачи – Гробари, пристигнаа на аеродромот за да го пречекаат тимот. Тие сцени го обиколија светот, а и овојпат, помал број навивачи повторно ги поздравија своите миленици по враќањето.