Мегваер со гол од офсајд му донесе победа на Јунајтед и тоа во - последен час (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед избори пласман во осминафиналето на ФА Купот, совладувајќи го вечерва Лестер со 2-1 во драматичен финиш.

Победничкиот гол го постигна Хари Мегваер во 93. минута, но останува контроверзен момент, бидејќи постои сомнеж за офсајд. Сепак, поради отсуството на ВАР технологијата во оваа фаза од натпреварувањето, голот беше признат, што беше голема предност за тимот од „Олд Трафорд“.

Лестер го отвори резултатот преку Де Кордова Рид во 42. минута, обезбедувајќи водство од 1-0 на полувремето. Манчестер Јунајтед возврати во вториот дел, а во 68. минута Зиркзе погоди за израмнување. Клучниот момент дојде во судиското продолжение, кога Мегваер со удар со глава го совлада својот поранешен клуб, носејќи му победа на Јунајтед.