„Ќе го убиев Ристовски ако не ми пружеше рака кога го заменив!“

Динамо Загреб потешко од очекувањата вечерва го совлада Шибеник (3-0) и остана во трката за врвот на хрватското првенство.

Иако „модрите“ одиграа слабо прво полувреме, во кое противникот имаше неколку одлични шанси, на крајот со многу среќа поведоа од првиот удар кон голот. Во второто полувреме клучниот момент го донесе Арбер Хоџа, кој постигна гол и забележа асистенција, решавајќи го натпреварот. По мечот, тренерот на Динамо, Фабио Канаваро, ја истакна важноста на триумфот, но најмногу внимание привлече неговата изјава за Стефан Ристовски. Кога беше заменет, македонскиот дефанзивец остави впечаток дека не му подал рака на Канаваро, но италијанскиот стратег тоа го објасни со шега.

„Не, не, ми ја подаде раката. Ако не ми ја подадеше, ќе го убиев! Ха, ха, ха… Но, скрши шише кое ќе мора да го плати“, низ смеа прокоментира Канаваро.

Тој го пофали настапот на Хоџа, Галеќиќ и Чавлина, истакнувајќи дека тимот сè уште има простор за напредок.