Надежите ќе ги почнат квалификациите во Полска, прва ја пречекуваме Италија!

Познат е распоредот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година за квалификациските натпревари за Европскотопрвенство 2027 кое ќе се одржи во Албанија и Србија.

Македонија У21 вчера ги дозна противниците, играме во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија, а денеска е познат и распоредот.

Во првото коло на 5. септември гостуваме кај Полска, а прва репрезентација која ќе ни дојде на гости е Италија, тој меч е четири дена подоцна.

Во продолжение, можете да го погледнете комплетниот распоред на натпревари на нашата селекција, во групата Е од квалификациите:

1.коло   Полска - Македонија   5.септември

2.коло   Македонија - Италија  9.септември

3.коло   Македонија - Ерменија 10. октомври

4.коло   Црна Гора - Македонија 14. октомври

5.коло   Македонија - Шведска    13.ноември

6.коло   Македонија - Полска       18. ноември

7.коло   Италија - Македонија    26.март 2026

8.коло   Ерменија - Македонија   31. март 2026

9.коло   Македонија - Црна Гора   1.октомври 2026

10.коло Шведска - Македонија     5.октомври 2026