„Падна“ Мајкл Џордан: Леброн стана највозрасен играч со над 40 поени на натпревар (ВИДЕО)
Најзаслужен за тоа е 40-годишниот Леброн Џејмс кој игра како во најдобрите денови од кариерата. Суперѕвездата на Лејкерс постигна 42 поена, 17 скока и 8 асистенции за 38 минути на теренот, потврдувајќи дека годините ништо не му значат. Со ова му се придружи на Мајкл Џордан како втор 40-годишник кој успеал да постигне над 40 поени на натпревар, но во исто време го собори рекордот на некогашниот играч на Вашингтон Визардс и сега е највозрасен играч кој постигнал 40+ поени на натпревар. Џордан тоа го направи со 40 години 2 дена, додека Леброн синоќа имаше 40 години и 38 дена.
Лејкерс ги решија сите дилеми околу победникот во првото полувреме кое го доби со 69-48 иако во вториот дел Голден Стејт успеа да се доближи до шест поени негатива. Интересно е тоа што двете екипи беа ослабени на овој меч бидејќи и едните и другите последната недела останаа без неколку значајни играчи, а новите кошаркари (Дончиќ, Вилијамс и Батлер) уште не дебитирале.
И Стеф Кари имаше партија за паметење, постигна 37 поени, но од дури 35 шута од кои 20 беа за тројка. Голден Стејт со овој пораз падна на 11. позиција на табелата во Западната конференција, додека Лејкерс се се поблиску до четвртото место.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон - Далас 120-127
Минесота - Хјустон 127-114
Денвер - Орландо 112-90
ЛА Лејкерс - Голден Стејт 120-112
Портланд - Сакраменто 108-102
ЛА Клиперс - Индијана 112-119