Обрадовиќ збесна: Немој да те удрам со таблава по глава, дали си нормален? (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан триумфираа против Виртус Болоња со 81-71, но имаше лоши моменти на теренот за српскиот тим и тоа го покажува нервозата на Жељко Обрадовиќ.

Обрадовиќ ги загуби нервите на тајм-аут и му се развика на еден од кошаркарите , а снимката стана хит на социјалните мрежи.

„Ало, немој да те удрам со таблава по глава, дали си нормален, ало!?“, викаше Обрадовиќ за време на тајм-аутот.