Давид Алаба само што се врати, пак се повреди

Реал Мадрид соопшти дека Давид Алаба има нова повреда, дефанзивецот ќе пропушти уште неколку натпревари.

Алаба штотуку се врати од долгата пауза, а ќе мора да одмори уште некоја недела поради повреда.

„По извршените тестови на нашиот играч Давид Алаба од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, констатирана е повреда на адукторниот мускул на левата нога“, стои во соопштението на клубот.

Според шпанските медиуми Алаба ќе биде надвор од теренот од две до три недели.