Милевски: Видов нова енергија од македонските екипи во Анталија!
Милевски заедно со техничкиот менаџер на сениорската репрезентација ги гледаше дуелите на Вардар, Шкендија, Шкупи, Струга и Силекс, но и настапите на македонските интернационалци Дамјан Шишковски, Бобан Николов и Себастија Ерара.
„Впечатоците од натпреварите на македонските екипи во Анталија се навистина позитивни. Помалку изненадувачки, но очигледна беше разликата во ритамот на фудбалерите на овие натпревари кои ги следевме, во однос на домашното првенство. Видовме нова енергија, тимски дух, добар ритам и желба за докажување. Се надевам дека тоа ќе го пренесат и на натпреварите од МФЛ. Тоа е нешто што се бара во модерниот фудбал и е неопходно за добар резултат. Ова беа натпревари без резултатско значење, но сепак даваат одредена слика за квалитетот на екипите и индивидуалните карактеристики на фудбалерите. Продолжуваме да ги следиме сите фудбалери кои сметаме дека имаат репрезентативен потенцијал, а нивните настапи се клучни во однос на изборот за место во најдобрата репрезентација“, кажа Милевски.