Браун трагичар, Звезда му „врати“ на Партизан!
Двете екипи добро го започнаа на натпреварот и никој не успевааше да направи посериозна разлика, а водство по првите десет минути имаа црвено-белите и тоа од 18-21.
Слична игра гледавме и во втората четвртина со тоа што Звезда почесто беше во водство, но Партизан констатно беше блиску. Највисоката предноста Звезда ја направи во самата завршница и така замина на пауза со „плус пет“ (37-42).
Продолжи Партизан да биде блиску, а на моменти и да води и во вториот дел, а победникот на крајот го одлучи една топка. Американецот Браун на истекот на времето направи прекршок за три слободни фрлања, Недовиќ реализираше две за победа, едно промаши и Партизан немаше време да се врати.
Во редовите на Звезда најефикасен беше Петрушев со 17 поени, додека за Партизан Џонс уфрли 20.
На табелата во Евролигата Звезда е на шестата позиција со 14 победи и десет порази, додека Партизан е 11-ти со биланс од 12 победи и 12 порази.
На останатите три средби кои се играа вечерва Фенербахче со 95-81 беше подобар од Виртус, Монако со 77-73 го совлада Реал Мадрид и Олимпијакос со 92-89 славеше над Ефес.