Уште две засилувања во Пролет за вториот дел од сезоната
Нови членови на скопскиот клуб се 19-годишниот Стефан Јовевски и 22-годишниот Јован Фичорски. Јовевски е пивот и досега беше член на тимот на Бутел, од каде му се приклучува на Пролет. Фичорски е ракометар кој претходно беше дел на младинската екипа на Пролет, имаше и настапи за првиот тим на овој клуб, а по неколку месеци во редовите на Скопје сега повторно е негов член.
По смртта на Александар Јовиќ, Пролет во вториот дел од сезоната ќе биде предводен од Никола Матлиевски кој се враќа на тренерска позиција.