Перез бара на Реал Мадрид да му судат англиски арбитри!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Рафаел Лузан во интервју за „Ел Чирингито“ откри дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез не бил задоволен со квалитетот на судење во Ла Лига.

Перез барал од првиот човек на шпанскиот фудбал да ангажира англиски судии со цел да се подобри квалитетот во лигата.

„Во Саудиска Арабија, пред една година, разговарав со Перез и ми кажа дека мора да го решам проблемот со судиите. Им направиле голема штета и загубиле титули поради тоа. Ми кажа дека треба да ангажирам англиски судии за да ја делат правдата на натпреварите“, вели претседателот на шпанскиот фудбалски сојуз.