Уапсени 59 француски хулигани пред меч од ЛШ

Германската полиција уапси 59 француски хулигани пред денешниот натпревар меѓу Штутгарт и ПСЖ во Лигата на шампиони (ЛШ).

Полицијата соопшти дека ги открила плановите на навивачката група да предизвика хаос во германскиот град и затоа ги привела.

„Секој кој ќе дојде во Штутгарт за да прави проблеми, ќе биде исклучен од натпреварите“, соопштија од полицијата.

Уапсените навивачи ќе останат во притвор до четврток, со цел да се спречат инциденти во градот.