Милан со погрешен спортски објект го најави натпреварот со Динамо Загреб (ФОТО)

Eкипата на Милан вечерва од 21:00 часот ќе гостува на „Максимир“ каде што во последното коло од Лигата на шампионите „росонерите“ ќе се сретнат со Динамо Загреб.

Пред натпреварот италијанскиот гигант објави вообичаена најава за натпреварот, но таа најава привлече внимание поради киксот кој го направи тимот од Милано.

Имено, лицето задолжено за одржувањето на социјалните мрежи на фотографијата за најава место стадионот „Максимир“ каде што ќе се игра натпреварот ја ставило загрепската Арена.