Ниту некој ќе дојде, ниту ќе замине: За Реал Мадрид преодниот рок е завршен

Aктуелната сезона ќе остане запаметена како една од оние во кои Реал Мадрид потрошил најмалку пари.

„Кралевите“ како што е познато доведоа само двајца фудбалери, Ендрик и Мбапе, платен беше само бразилскиот фудбалер и тоа 47.5 милиони евра, Мбапе пристигна без оштета.

Така ќе остане и по овој преоден рок. Реал Мадрид во јануари нема да потроши ниту едно евро за нови фудбалери, а „Марка“ пренесува дека преодниот рок за гигантот од Мадрид е дефинитивно завршен.

Анчелоти имаше свои желби, посебно со позицијата на десната страна, но на крајот ќе мора да се фокусира на она што го има во ростерот.