Бомбата на Фитиљ која го „расплака“ голманот на Австрија (ВИДЕО)

Македонската селекција го освои вториот бод во втората фаза на СП во Вараждин, откако денеска ремизира со Австрија (29-29) во меч во кој јунак беше левиот бек, Филип Кузмановски.

Ракометарот на Пелистер, кој лесно можеше да биде трагичар поради промашениот пенал во една од претходните акции, максимално ги искористи последните четири секунди кои ни останаа по голот на противникот.

 

 

Популарниот Фитиљ распали со сета сила од речиси 15 метри и погоди во мрежата на радост на сите на нашата клупа, а на голема тага на противниците, пред се на нивниот голман кој беше максимално разочаран.