Кузмановски со гол од 15 метри ни донесе бод во пресметката со Австрија (ФОТО)
Нашите момци добро почнаа и ја имаа иницијативата и водството во првите 20 минути од мечот и тоа во два наврати со по три гола разлика (7-4 и 10-7). Но, противникот тогаш направи драстична промена во играта и почна да го применува препознатливиот стил „7 на 6“, за кој избраниците на Кирил Лазаров не можеа да најдат одговор. Тоа резултира со серија 5-1 на противникот со која направи пресврт и го презеде водството. Австријците упорно инсистираа на игра без голман, а со играч повеќе, што им носеше константно водство, кое во повеќе напрати беше со плус два на стартот од второто полувреме.
Жолто-црвените потоа делумно се прилагодија на овој стил на игра на ривалот, кој почна да греши и да биде казнуван, па десетина минути се играше буквално гол за гол, но со иницијатива на селекцијата на Австрија. Во последните десет минути се влезе со резултат 22-22, што беше само потврда на тоа што сите го очекуваа, а тоа е дека ќе има драматичен финиш. Иницијативата на противникот беше прекината на осум минути до крајот, кога Македонија само вторпат поведе во второто полувреме (24-23). Го имавме „брејкот“ со до последните две минути, кога Австријците врзаа два гола и повторно поведоа.
Во една ваква рововска и позициона игра, во македонскиот состав најмногу се истакна кружниот напаѓач Жарко Пешевски, кој средбата ја заврши со пет погодоци погодоци, меѓу кои и неколку во решавачките моменти. Марко Митев беше најпрецизен со шест погодоци, додека јунакот Кузмановски застана на четири гола. На спротивната страна најдобар беше Лукаш Хутечек кој запиша шест погодоци за Австрија.