Старецот покажа дека не е за фрлање: Ѓоковиќ го прегази Алкараз!
Ѓоковиќ го почна мечот на добар начин и водеше со 2-0 откако Алкараз го загуби гемот на свој сервис, меѓутоа Шпанецот експресно се врати во игра и потоа ја презема контролата. Србинот се пожали и на повреда по деветтиот гем (4-5), по што Шпанецот го освои сетот со 6-4.
Почетокот на вториот сет беше идентичен на претходниот со тоа што Ѓоковиќ стигна до водство од 3-0, по што Алкараз се врати во игра и израмни на 3-3 по голема борба. Сепак, српскиот тенисер до крајот на сетот направи уште еден брејк за 6-4.
Ѓоковиќ продолжи со одличната игра и во третиот сет, но Алкараз не се предаваше лесно и му парираше на најдобриот тенисер во историјата сè до осмиот гем кога Србинот направи предност и славеше со 6-3.
Алкараз повторно го загуби првиот гем во четвртиот сет, по што Ѓоковиќ успешно го бранеше својот сервис, иако Шпанецот имаше неколку шанси да се врати во игра.
Десеткратниот освојувач на Австралијан опен во полуфиналето на турнирот ќе се бори против Александер Зверев, кој претходно беше подобар од Томи Пол со 3-1 во сетови.