Фердинанд бара од Аморим да избрка тројца фудбалери!

Манчестер јунајтед се наоѓа во резултатска криза, откако ниту новиот тренер Рубен Аморим не помогна клубот да се врати на победнички патеки.

Легендарниот дефанзивец Рио Фердинанд побара од Аморим и управата на „ѓаволите“ да се ослободат од тројца фудбалери.

Фердинанд смета дека дресот на „ѓаволите“ не треба да го носат Антони, Маркус Рашфорд и Тајрел Маласија.

Бразилецот веќе си замина, а се очекува и Рашфорд наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.