Жилина го испрати Андреј Стојчевски на позајмица во Чешка

Поранешниот младински репрезентативец Андреј Стојчевски кариерата ја продолжува во редовите на Словачко од Чешка.

Во Словачко Стојчевски ќе настапува како позајмен фудбалер од Жилина во наредните шест месеци.

Чешкиот клуб има и право на откуп на договорот на македонскиот фудбалер, но за тоа ќе одлучува по неговите настапи во наредниот период.

Стојчевски во Жилина пристигна во 2022 година, а во кариерата настапуваше ште за Вардар и Академија Пандев (Брера).