Ќе бидете добитни ако играте на Холандија, Франција и на Македонија со - хендикеп!

Почнувајќи со средбите од втората рунда од прелиминарната фаза на ракометното СП во Хрватска, Данска и Норвешка, „Спорт1“ ќе се обиде да ви помогне повеќе да уживате во возбудувањата од шампионатот со предлог-типови на коментаторите на МТВ, кои во следниот период ќе ви ги пренесуваат возбудувањата од Вараждин каде што игра Македонија.

ЈУГОСЛАВ КОСТОВСКИ

Катар-Холандија 2 & + голови

Холанѓаните имаа исцрпувачки меч со Унгарија што го загубија но се фаворити против Катар. Играат брз, модерен и динамичен ракомет и не би требало да имаат проблеми со селекцијата што ја предводи Веселин Вујовиќ. На последниот меѓусебен двобој, на претходното СП пред две години Холандија победи со 32:30. Ќе биде неизвесно, динамично, со лесни голови и затоа очекувам плус и победа на фаворитот.

Данска-Германија, 1 & + голови

Хет-трик шампионот и бранител на тронот, Данска според коефициентот е можеби огромен фаворит, ама нивните резултати и форма се исто така огромен адут. Германците не паметат а чекаат 21 година триумф на Големите настани. На ОИ 2024 во финалето беше 39:26 за Данска, во полуфиналето на ЕП 2024, 29:26 за фаворитот.

Унгарија-Франција, 2 & + голови

Триколорите беа фуриозни во првата фаза со три победи и просечно малку повеќе од 38 гола во просек. Унгарија ќе биде првиот посериозен тест за Франција на патот да се прекине доминацијата на Данска. Франзузите како најтрофејна селекција на Мундијалите заедно со Шведска, е многу блиску и шести пат по ред да обезбеди место на пиедесталот во тројката медалисти. Унгарците имаат вистински ривал за да проверат дали се реални нивните очекувања за конечен исчекор кон полуфинале. Во 2024-та во двата меѓусебни двобои Франција ја одбрани фаворитската Улога: на ОИ беше 24:20, на ЕП 35:32.

ТОНИ СТОЈАНОВСКИ

Австрија - Македонија H2 (+2,5)

Верувам во македонската репрезентација којашто одигра одличен натпревар со Унгарија, а беше блиску и до Холанѓаните. Австрија е сериозен противник без разлика што ги нема Билик и Божовиќ, но не сум убеден дека денеска треба да биде фаворит против Македонија. Пред десет години во Катар, се радувавме ние, а на двете европски билансот во меѓусебните дуели е 1-1. Сметам дека победата на Македонија е реална, а оваа прогноза со хендикеп од два гола е за "посилните" играчи. Инаку и двознак Х2 е во игра.

Катар - Холандија H2 (-2,5)

На Македонија на овој дуел и одговара кикс на Холандија, но мислам дека мали се шансите Катар да направи нешто повеќе. И покрај поразот од Унгарците, "лалињата" имаат добар ритам, а може да се случи повторно да добијат поддршка на теренот, така што мислам дека ќе забележат победа. Катар загуби од Австрија со два гола, а толкава беше разликата во меѓусебниот натпревар со Холандија на Светското првенство пред две години. Сега е време портокаловите да одат над таа граница против тимот на Веселин Вујовиќ.

Унгарија - Франција 2

Ова треба да е сигурен тип, па го препорачувам за да биде ливчето добитно доколку излезат прогнозите за Македонија и за Холандија. "Триколорите" имаат променет состав од времето кога постојано беа први фаворити и ги собираа медалите, но се уште тоа е машина којашто има огромна моќ. На Олимпијадата во Париз, Унгарците загубија со четири гола, што значи дека не се аутсајдери, па затоа не се решавам за хендикеп, туку за "обична 2-ка". Франција има четири победи по ред, а Унгарците последен пат славеа во 2012.

ДАМЈАН НИКОЛОВСКИ

Катар - Холандија 2

По поразот од Унгарија, ,,лалињата" беа разочарани и бесни, а со оглед на тоа дека оваа репрезентација на Катар не може да се носи брзината на противникот јасно е зошто очекувам сигурна победа на Холандија.

Данска - Германија тип: помалку од 30 голови во прво полувреме.

Ова дерби во кое актуелниот првак е благ фаворит не очекувам да има многу голови во првото полувреме. Мислам дека ќе гледаме тврд и неизвесен меч иако шансите за победа се поголеми за Данска.

Унгарија - Франција тип: два во два

На повеќето големи турнири Франција влегува во форма во втората фаза. Знае добро да ја сочува енергијата додека Унгарија видно истрошена нема да може вистински да им се спротистави на ,,триколорите".