Милан пред големо засилување: Доаѓа Вокер како слободен играч

Англискиот репрезентативец Кајл Вокер се наоѓа пред трансфер во Милан, тврдат утринава италијанские медиуми.

Според нив, искусниот бек ги договорил личните услови и ќе потпише договор до јуни 2027 година за плата од 8 милиони евра по сезона, а во Милан ќе замине како слободен играч откако Пеп Гвардиола неодамна му порача дека има одврзани раце да бара нов клуб.

Тоа ќе биде прво интернационално искуство за Вокер кој целата досегашна кариера ја помина во Англија, во екипите на Шефилд Јунајтед, Нортемптон, Тотнем, КПР, Астон Вила и Манчестер Сити чиј член беше од 2017 година.