Олд Трафорд го слави новиот херој: Чудесниот Диало го спаси Јунајтед од нова бламажа (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед беше на осум минути од четвртиот пораз во низа на домашен терен во Премиер лигата, а сепак на крајот славеше со 3-1 против Саутемптон.

Олд Трафорд го слави новиот херој - Амад Диало кој вечерва покажа дека е следната ѕвезда на Манчестер Јунајтед. Откако Угарте во 43. минута си постигна автогол за водство на Саутемптон, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска за 11 минути постигна хет-трик и му ја донесе победата на својот тим.

Таа не носи голем прогрес на табелата, но дава надеж дека Јунајтед конечно има фудбалер кој може да ја води екипата. Иако не игра многу, Диало во моментов е прв стрелец на Јунајтед во Премиер лигата со шест гола, а погодуваше и против Манчестер Сити, Ливерпул и Тотнем.