Кошаркарка за една недела на Онлифанс заработила колку за цела - кариера!

Поранешната австралиска кошаркарка Лиз Камбаџ која кариерата ја заврши во 2022 година по разделбата со Лос Анџелес Спаркс денес заработува преку платформата „Онли Фенс“ каде што продава свои фотографии и видео содржини.

Во новата кариера според нејзината последна изјава и оди одлично бидејќи вели дека за една недела заработила повеќе пари отколку во целата кариера како кошаркарка.

„Кошарката беше дел од мене, но не беше се од мене“, објави таа на социјалните мрежи.

Во најплатената сезона во кариерата Камбаџ заработи 221.450 долари, додека преку „Онли Фенс“ денес годишно заработува и до 1.5 милиони долари. Новинарите ги интересираше и дали во иднина можеби повторно би работела нешто во кошарката.

„Не затворам ниту една врата, но во овој момент се фокусирам на изградба на нешто ново“, изјави поранешната кошаркарка.