Валенсија во 93. минута остана без победа во Андалузија

Фудбалерите на Севиља и Валенсија во рамките од 19.коло ремизираа 1-1.

Домаќините имаа повеќе од играта, но не доминираа премногу.

Валенсија прва дојде до водство со голот на почетокот од вториот дел во 51. минута, а стрелец беше Роха.

Севиља поразот го избегна со голот на Педроа во третата минута од судиското продолжение.

Македонскиот голман Столе Димитриевски во овој натпревар остана на клупата за резерви, а помеѓу стативите се врати Мамардашвили.