Новинарка побара доказ за труењето од Ѓоковиќ, тој мангупски ја – замолче!
Откако модераторот соопшти дека сесијата е завршена, една новинарка се обиде да постави прашање, инсистирајќи и расправајќи се со модераторот. Ѓоковиќ реагираше смирено и дозволи да одговори на уште едно прашање. Новинарката го праша за неговото интервју за магазинот „Џи-Кју“, во кое изјави дека бил затруен со храна за време на карантинот во Австралија.
„Имате ли докази за изјавата дека сте биле затруени со храна?“ – праша новинарката.
Одговорот на српскиот спортист беше мангупски.
„Тоа интервју вчера беше објавено на интернет и е дел од февруарското издание на весникот. Јас го дадов пред неколку месеци и не би сакал да навлегувам во детали. Мојот фокус е на турнирот. Ако сакате повеќе информации, слободно прочитајте го текстот“, одговори популарниот Ноле.
Ѓоковиќ настапот на Австралија опен ќе го почне со пресметка со 19-годишниот американски анонимус, Басавареди.