Ново засилување за Струга: Пристигна Сенегалецот Папе Фал

Eкипата на Струга денеска го претстави второто засилување во овој преоден фудбналер и го потврди трансферот на фудбалерот од Сенегал, Папе Фал.

Сенегалецот кој има 24 години пристигнува од редовите на летонска Лиепаја и од него се очекува да ја засили левата крилна позиција.

Во Летонија сенегалскиот фудбалер настапувал уште за Валмеира, а кариерата ја започна во АС Доуаанес од неговата татковина.

Претходно стружани се пофалија со Хамза Мемертиза кој пристигна од Башкими.